На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Ана Киркова, ќерката на велешанецот раскажа каков однос имала со неговиот татко, кој живеел сам во куќичка надвор од Велес. Таа рече дека се гледале, еднаш во неделата и дека тој ѝ предочувал дека не е старец и оти може сам да се грижи за себе. Со првообвинетиот Палевски рече дека не се познавале, а знае дека со сега обвинетиот Велибор Маневски имале судски спор за некакви камења.
Кога Панче го немало таа го пратила сопругот да провери но таму го немало.
Раскажа и за „цитроенот“ на татко ѝ.
Тоа беше старо возило, кое често се расипуваше. Имаше голем гепек, објасни ќерката Киркова.
По неа сведочеше нејзниот сопруг Тодор. Тој рече дека сопругата го пратила да провери што е со татко ѝ.
Кога дојдов во дворот видов дека го нема возилото. Бидејќи немав клуч го пратив синот да ми донесе. Кога влегов видов дека ламбата гори и дека греалката е приклучена. Беше многу топло.
Кирков е тој што кога Панче бил мртов отишол на идентификација.
Во устата имаше дупка, а очите му беа крвари, се присети Кирков.
Comments are closed for this post.