Досегашните рочишта за случајот на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски укажуваат на можна поврзаност на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски со првосомничениот Љупчо Палевски.
Тоа го тврдат двајцата началници Музефер Калишиќ и Дејан Димовски кои сведочеа дека однесувањето на Александар било во најмала рака чудно и дека имале впечаток оти тој се интересира какви информации има полицијата за него.
Димовски вчера истакна дека токму осомничените Велибор Манев и Боре Видевски му кажале дека Палчо е сторителот на двете убиства. Згора на тоа, според тврдењето на Велибор и Боре, токму таткото Александар му кажал на Палчо дека Вања ќе оди на училиште без помалата сестра Миња.
Но, едно е тврдење а друго доказ. Ќе видиме дали во текот на расправата Обвинителството ќе понуди доказ дека Александар му кажал на Палчо дека Вања тој ден ќе оди сама на училиште.
Симптоматично е тоа досега никој не потврди дека имало барање за откуп на девојчето кон семејството иако Александар во порака која по грешка ја испратил во школската група на Вања напишал „само кажете колку пари треба“.Пораката веднаш ја избришал.
Палчо вчера го праша Димовски дали е откриена комуникација меѓу него и Александар?
Началникот кратко одговори-не.
Comments are closed for this post.