„Веќе активно работиме на случајот. Приклучени се форензика, одделот за организиран криминал и заеднички се прибираат податоци за да се открие сторителот“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со вчерашното пукање во трговскиот центар „Ист Гејт“ каде се ранети две лица.

„Во еден град како Скопје, но и во другите градови, секако дека криминални активности се случуваат секој ден и работата на полициајта е да работи на подобрување на безбедноста, не само во делот на криминалот, туку и сообраќајот. Вакви изолирани инцидени се случуваат и ќе се случуваат“, изјави Спасовски за медиумите кој присуствуваше на отворање на нов објект за форензички испитувања на МВР.

 

Спасовски вели дека е на полицијата и е позната позадината на лицето кон кое е пукано.

„Станува збор за криминална пресметка, се знае позадината на лицето кон кое е пукано и конфликтите практично тие криминални групи што се разбиени, во многу опративни акции, самите сте сведоци дека само во последниот месец имаме приведени три лица, дел од тие групи говори за еден висок степен на ангажираност