Првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо на денешното рочиште упати прашања кон Александар Ѓорчевски, кој после дадениот исказ, одговараше на прашањата од обвинителството и одбраната. Палчо му поставуваше прашања директно. Го праша Александар дали слушнал дека има комуниакија со некој од семејството.
Нуту ве знам нуту познавам, не сум контактирал, нуту познавам човек што вас ве познава. Сакам повеќе да не одговарам на ваши прашања бидејќи одговорите ќе бида исти, му одговори Ѓорчевски.
Палчо, сепак продолжи да го распрашува. Го праша дали слушнал од Зорица дали имал некаков проблем со станарите.
Немам коментар, одговори Александар.
Палчо го праша Александар дали доколку тие биле во дослух од користољубие да ја принудат Зорица да даде пари „нели е пологично да се убие Зорица, а не Вања?“.
И на ова прашање Александар немаше коментар.
Палевски продолжи со својата агенда.
Го праша Александар дали во затвор рекол „Нека дојде Палчо во очи во очи нека каже дали сме се запознале“, на што таткото на Вања повторно немаше коментар.
Вие сте неправедно обвинет, му рече на крајот Палевски на Александар.
Comments are closed for this post.