Министерството за правда за МИА информира дека до овој момент нема добиено официјална информација дека лицето Алил Демири е ослободен.
Косовската полиција во соработка со македонската, вчера во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро.
Откако денеска во медиумите се појавија наводи дека Демири бил ослободен бидејќи обвинителството се откажало од барање на притвор, МИА побара став од Министерството за правда, од каде информираа дека до овој момент немаат добиено официјална информација дека лицето Алил Демири е ослободен.
Од Министерството за правда, претходно денеска информираа дека барањето за екстрадиција на лицето Алил Демири од 2018 година е сѐ уште активно, односно чекаат одговор
Comments are closed for this post.