Вчера во 18.00 часот во Полициско одделение Велушница-Битола, А.С.(41) од с.Дрслајца, струшко, фудбалски судија, пријавил дека околу 15.45 часот во с.Кравари, на фудбалски натпревар, бил физички нападнат од А.Р.(25) од Битола, Ј.Ќ.(23) и А.М.(32), двајцата од с.Грнчари, ресенско. Додека Ј.Ќ. пријавил дека додека бил во прекин фудбалскиот натпревар во с.Кравари, бил физички нападнат од Г.Л.(43) од Струга, помошник фудбалски судија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Судија пријавил дека го нападнале среде натпревар
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.