На земјен пат за тетовското село Брезно, вчера во 16:15 часот, полициски службеници на СВР Тетово запреле патничко возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 40-годишниот С.А. од тетовско Слатино и кој превезувал огревни дрва без потребните документи.

С.А. бил приведен, а дрвата со потврда му се одземени. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува поднесок.

Oва се случува во време на вонредна состојба поради корона пандемијата кога на граѓаните им е ограничено правото на движење.