Судењето за убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска влегува во најинтересната фаза кога своја одбрана треба да дадат обвинетите.Тоа во среда прв ќе го стори Велибор Манев. Неговото сведочење треба да открие две клучни работи.
Дали групата обвинети се собрала во неговиот дом ноќта меѓу 21 и 22 ноември 2023 година за да го припреми грабнувањето и убиството на Жежовски. На претходните рочишта ја видовме групата пред дворот на Манев, како влегуваат и излегуваат, ставаат предмети во „кангуто“, како се договараат нешто.

Oбвинителството тврди дека таа ноќ го зеле Жежовски од неговиот дом и подоцна го убиле , додека обвинетите тоа го негираат и оти конкретната снимка не е од тој туку од многу порано.
Дополнително, одбраната на Палевски негира дека „кангуто“ во спорната ноќ воопшто било во Велес и оти е забележано на камерите на Сејф сити во 00 и 15 на мостот кај Нова Железничка станица.

Но, денеска таков доказ не видовме бидејќи одбраната на Палевски наводно не можела да ги отвори снимките.
Ние немаме систем и софтвер да ги отвориме цедињата. Обвинителството рече дека е едно це-де за сите камери од сејф сити но испадна дека не е така.Обвинителстелството веќе го презентираше, тие го имаат тој програм и можат да го пуштат-побара Јовица Страшевски.

За Манев кој ќе сведочи на 12 март досега од повидливите докази е дека неговата ДНК е најдена на лентата од устата со која била залепена Вања додека ја киднапирале.
Comments are closed for this post.