Во јули оваа година, пет члена на криминалната група Дуќанџик/Грчец беа обвинети за трговија со кокаин и двојно убиство. Лидерот на групата, Шеваљ Муареми, е прогласен за бегалец и се бара со меѓународна потерница. Според извори, тој се наоѓа во Дубаи.
Екипата на КОД, која претходно известуваше за неговото бегство, конечно успеа да стапи во контакт со него. Муареми изјавил дека против него нема конкретни докази.
Иако одби да говори пред камера, прифати разговор со новинарката Снежана Лупевска и дозволи да се направи заедничка фотографија. Во разговорот, тој споменал дека моментално работи во компанија за компјутери.
Вели заминал во Дубаи шест месеци пред да биде распишана потерница по него. Живеел во вила со пријател од Албанија, а работел во компанија за компјутери
Comments are closed for this post.