Љупчо Палевски денеска демантираше дека сакал да бега во Русија па дури и дека имал резервирано авионски билет за Москва.

Тоа не е точно, рече Палевски..

Тој објасни дека во тој период имал многу обврски со партијата но и проблеми со здравјето па сакал да оди да земе примерок од редок христијански документ.

-Се работи новгородски ливчиња. Требаше да однесам копија од патријаршија кој го чуваат во Москва за во партијата.

Што се новгородски листови

Средновековен книжевен ракопис, односно фрагмент од ракопис (2 пергаментни листови напишани со глаголско писмо) пишуван во последната четвртина на X век. Според правописните и јазичните особености се поврзува со дејноста на Охридската книжевна школа. Листовите се фрагмент од Самоиловото царско евангелие кое во 1056/57 г. било испратено во Киевска Русија за време на покрстувањето на Русите, при што послужило како предлошка за пишувањето на Остромирово евангелие. Според содржинската структура листовите се фрагмент од краток апракос, изборно евангелие. Во нив се наоѓаат делови од евангелските текстови од шестата и седмата Страсна седмица од Великиот пост. На првиот лист текстот започнува со крајот на Марко 10:45, потоа следуваат четивото за Лазарова сабота ‒ Јован 11:1-16, а на вториот лист се наоѓа крајот на четивото за Велики понеделник и почетокот од четивото за Велики вторник ‒ Матеј 24:25-37. Пронајдени се од страна на рускиот археолог Ј. К. Кипријанов, поради што се познати и како Кипријанови листови, а се нарекуваат и Новгородски затоа што претходно овој фрагмент бил во сопственост на библиотеката на новгородскиот храм „Св. Софија“. Се чуваат во Руската национална библиотека во Санкт Петербург,