Кираца Трајковска,поранешен заменик директор во „Фершпед“ денеска се појави во својство на сведок во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Таа ги повторно ги споила нејзниот син Гоце и Александар, таткото на Вања, инаку стари кумови кои се немале видено повеќе од десет години.
Гоце по наговор на мајката се вклучил во потрагата по Вања бидејќи како што рече Александар бил мирен и повлечен.
Гоце, а потоа и Кираца обезбедиле снимките од околните објекти кај зградата каде беше грабната Вања.
Го забележале и Цитроенот, но отпрвин не знаеле дека е на Панче ниту дека е поврзан со грабнувањето на девојчата. Кој е сопственикот на возилото Кираца разбрала подоцна откако се распрашала кај некои луѓе во Велес.
Од каде им се снимките Кираца денеска не кажа. Можеби ќе каже нејзниот син на следните рочишта откако денеска не дојде бидејќи имал панични напади.
Кираца проговори и за нејзниот однос со Палевски. Тој бил сопруг на втора братучетка на Трајковска и им одел муабетот.
Во тој контекст Палевски денеска ја праша дали верува дека тој може да ја убие Вања.
Таа одговори не, особено не ако во прашање се пари.
Comments are closed for this post.