Денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Минатото рочиште се одложи поради болест на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски. Судијата Стефановски тогаш нагласи дека доколку бранителот на Палевски не биде во можност, судот ќе одреди адвокат по службена должност.
Откако Страшевски му поставуваше прашања, Палевски рече дека не е вмешан во убиствата на Вања и Панче и оти немал мотиви и причина.
За денеска е планирано прашања на Палчо да му поставуваат обвинителките Ана Стојковиќ и Жаклина Јосифовска.
Comments are closed for this post.