По пауза од неколку недели продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Денеска нови докази треба да презентира првообвинетиот Љупчо Палевски. Тој веќе подолго време најавуваше нови докази и во дополнението ќе се види за што станува збор.

По ова се очекува да почнат завршните зборови на сите обвинети по што ќе следува пресудата.