Синот на катарскиот амбасадор Јасим бин Абдул Хамид Ал-Тани бил нападнат вербално и физички од тренерот по фудбал, дознава Република. Според информации на порталот, до инцидентот дошло вчера вечерта за време на тренингот во еден скопски фудбалски клуб. Настанот бил пријавен во полиција, а направен е записник.
Од МВР потврдуваат дека имало инцидент.
Според полицискиот билтен, на 29 јуни околу 20.30 часот Ј.Х.Џ.Х.А.Т. (43) од Катар пријавил дека додека неговиот малолетен син тренирал фудбал на игралиште во Скопје, бил турнат од страна на тренерот М.К..
Против М.К. е поднесен соодветен поднесок од ЗППЈРМ. Во врска со случајот, од страна на Ѓ.Х. (46), претседател на клубот, е пријавено дека по завршување на фудбалскиот тренинг, на излез од игралиштето, бил физички нападнат од страна на Ј.Х.Џ.Х.А.Т..
Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршен е увид, известен е Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот, велат од полицијата за Република.
Comments are closed for this post.