Уште едно лице почина во тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар на патарината кај село Кадрифаково.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во изјава за МИА, информира дека од страна на Клиничка болница-Штип добиле пријава дека на тешките телесни повреди подлегнала и 37-годишна жена.
Претходно, како што јави МИА, две лица, од кои едното девојче на 15-годишна возраст ги загубиле животите во тешка сообраќајна несреќа која денеска околу пладне се случила на автопатот Штип – Свети Николе, во близина на патарината кај село Кадрифаково.
Несреќата во која учествувале две возила се случила во 12:10 часот.
На самото место животите ги загубиле 15-годишно девојче и 62-годишна жена.
Comments are closed for this post.