СВР Скопје вечерва спроведува голема акција низ централното градско подрачје. Целта се возачи на мотори и веспи кои не ги почитуваат собраќајните прописи.

Во полициската станица Беко има приведени повеќе лица и одземени мотори. Дел од приведените се малолетници и за нив се повикани родителите во станица.