Зоран Петковски, поранешен полицаец, член на партијата Десна рече дека на денот кога е убиена Вања разговарал со Палевски во утринските часови но оти нема доказ бидејќи разговарале на посебен канал на Телеграм од кој комуникацијата веднаш се бришела.

Тој ден е роденден на мојата сопруга. Комуникацијата со Палевски беше во раните утрински часови, во време помеѓу 8.20 и 9 часот на таен канал за електронска комуникација преку апликацијата Телеграм, креиран од Љупчо Палевски. Разговаравме за иранските дронови шахиб, за набавка од Србија, трансфер преку Србија од Ирак. Добив задача од Палевски да приберам информации во врска со тоа и да го известам заедно со членовите на Комисијата за безбедност – рече Петковски.