Судијата Ивица Стефановски ја напишал пресудата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Речиси шест месеци по изрекувањето на казните, целосниот текст е предаден на бранителите на осудените. Тие најауваат дека ќе се жалат на Апелација и ќе бараат јавна седница.

Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на доживотен затвор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кон крајот на јуни. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се товареше дека давал информации за движењето на неговата ќерка беше ослободен од обвинение.







Comments are closed for this post.