Дојави за поставени бомби утринава пристигнале до неколку основни училишта во Скопје и Киманово, потврдуваат од МВР за МИА.
Како што соопшти МВР, утрово во СВР Скопје и СВР Куманово било пријавено дека на електронските адреси на училишта во Скопје и Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа.
– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираа од МВР.
Дојави за бомби, според сознанија на МИА, има во основните училиште „Александар Македонски“, „Лазо Ангеловски“ и „Ѓорѓија Пулевски“ на територија на Општина Аеродром, како и во ОУ „Киро Глигоров“ во Центар.
И од ОУ „Браќа Миладиновци“ во Куманово и од Советот на родители, потврдија дека утрово добиле дојава за поставена бомба во училиштето.
Comments are closed for this post.