Секторот за компјутерски криминал при БЈБ и Министерството за внатрешни работи, во координација со Отсеците за компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана операција на територијата на Република Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму посочија дека во рамки на операцијата се вршат претреси на вкупно седум локации во насока на обезбедување докази за кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик при што ќе бидат одземени компјутерски уреди и компјутерски податоци кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка.

За едно од лицата кај кого ќе се врши претрес, Борче Костевски од Струга, постојат информации дека е претседател на бугарско здружение „Струмичка петорка”, водител е на подкаст со име Б2 Канал – Почетна пресметка, лоцирано во Скопје. Истo така Борче Костовски се поврзува и со лицето Виктор Стојанов, претседателот на бугарската фондација „Македонија“ кој има забрана за влез во Македонија.