Еден месец пред почетокот на грејната сезона, Владата најавува бесплатна замена на печките на дрва со инвертер клими. Иако оваа мерка премиерот ја најави пред две недели, уште не се знае колку пари ќе бидат издвоени, колку домаќинства ќе бидат опфатени и кој ќе ја финансира мерката. Според најавата на премиерот, печките со инвертер клима ќе можат да ги заменат само жителите во трите најзагадени градови во државава, Скопје, Тетово и Битола.
Целта е да вратат што повеќе пари кај граѓаните, но и да спречат загадувањето на воздухот.
Прво целта ни е да вратиме дел од исклучените 14,000 домаќинства во системот на БЕГ. Таму каде што не е возможно тоа, каде граѓаните се греат на дрва, и каде што загадувањето е најголемо, значи не само во Скопје, туку и во другите градови, планираме да воведеме сет мерки за субвенционирање, изјави Митко Андреевски, претседател на Комисјата за енергетика на СДСМ.
Comments are closed for this post.