Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ во моментов изработува идејно решение за изградба на нов железнички крак од постојната пруга Скопје-Куманово до Меѓународниот аеродром Скопје, информираше директорот на ова претпријатие Хари Локвенец во гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.
Директорот на Железници-Инфраструктура очекува дека изградбата на овој железнички крак може да се заокружи во 2023 година.
Comments are closed for this post.