Македонија на дното од земјите во регионот по новото на животен стандард во кој живеат граѓаните. Во Македонија животот е се поскап, народот одвај преживува и врзува крај со карај. За една година животот станал поскап за плус илјада денари. За една година живејачката поскапела за уште илјада денари.

Ако во декември 2019 година биле потребни 32.732 денари за едно домаќинство да ги покрие месечните основни животни потреби, во декември 2020-ттата минималната синдикална кошничка тежела 33.697 денари.

Пресметката која ја подготвува Сојузот на синдикати покажува дека за 12 месеци трошоците за основните прехранбени производи се зголемиле за речиси 500 денари на месечно ниво. Раст на трошоците е забележан и кај режиските трошоци за 400 денари. Останатите трошоци лани кои се неопходни за достоинствено да се помине месецот, а тоа се пари за превоз, хигиена, посета на културни манифестации, набавка на облека и обувки и за одржување на здравјето, се речиси идентични како и во 2019 година. Граѓаните велат дека на своја кожа го почувствувале растот на цените на производите кои редовно ги набавуваат.

Се жалат дека куповната моќ им е сè послаба, луѓе остануваат без работа а цените постојано растат. Тие се жалат дека не можат да си купат месо и сувомесни производи затоа што цените постојано се зголемуваат. Во 2016 година за време на кампањата за предвремените парламентарни избори, барајќи ги гласовите од народот, Зоран Заев ветување дека во Македонија ќе донесе живот за сите и просечна плата од 30 илјади денари.

Заев продолжи со ветувањата за подобар животен стандард за сите, при што вети дека ако треба железни опинци ќе облече, ама просечна плата од 500 евра ќе има. Ветувањата на Заев за подобар живот во Македонија не завршуваат тука. Имено, за време на кампањата, овој пат за предвремените парламентарни избори минатата 2020 година, ветуваше уште повисока просечна плата, која требаше да изнесува 34 илјади денари.

Зоран Заев и СДСМ го трошат вториот мандат на власт, а реалноста која ја донесоа е беда и сиромаштија. Над 55 илјади граѓани ги загубија своите работни места, една четвртина од македонското население живее под прагот на сиромаштија, поскапи цени на производите.

Податоците на Државниот завод за статистика покажува дека раст на трошоците има кај храната и безалкохолните пијалаци 2,4 насто, кај алкохолните 5,3, разновидни стоки и услуги за 2,6 насто.

Додека пак податоците на Европската статистичка институција Евростат покажуваат дека граѓаните на Македонија имаат еден од најниските стандарди во регионот. Но, имајќи во предвид дека земјите од останатиот дел на Европа се далеку поразвиени од земјите на Балканот, слободно можеме да кажеме дека Македонија е на дното во Европа по нискиот стандард во кој живеат граѓаните. Според куповната моќ, зад нас се само граѓаните на Босна и Херцеговина и на Албанија