Новите протоколи кои ги бараат угостителите во однос на нивната работа и одржувањето на свадби наидоа на негодување од страна на музичарите.
Здружението на естрадни уметници реагира на барањата на угостителите според кои се бара на свадбите да не се игра оро и да нема жива музика.
Музичарите ги поддржаа угостителите, а тие сега се однесуваат како да не постоиме. Има повеќе опции и ние пративме писмо за средба со комисијата за заразни болести и тие опции ќе им ги објасниме, рече Горјан Стојановски од здружението на естрадата.
Тој вели дека зошто пејачите да не може да пеат со визири а музиката да не биде на растојание од пет метри и да има пексиглас. Тој потенцира дека свадбите не се само ора и чочеци и за пример ги дава многу земји на Запад во кои свадби се прават без ора.
Comments are closed for this post.