Заев купува струја за 5,5 милиони евра, тајно без никој да знае, Реагираат од ВМРо-ДПМНЕ.

26.000 мегавати струја е купена за 5,5 милиони евра од ЕЛЕМ, затоа што Владата на Заев ги испразни електраните и го остави РЕК без јаглен. Заедно со првите 15 милиони евра кои ги плати МЕПСО за еден месец за крадење од европската мрежа, тоа се 20 милиони евра кои државата ги дава заради апашлукот на Заев, за да не остане без струја.

 

Заев на почетокот на зимата го остави РЕК без јаглен. Само 40.000 тони јаглен, што е доволно за само три дена се наоѓа на депонијата на РЕК. На државата буквално ѝ се заканува да снема струја или да ја плаќа екстремно скапо и тоа само заради Заев и неговата неспсобност и трчање по тендери 5 години по ред.

 

Заев ја турна Македонија во криза и секој ден поминат со Заев е нов трошок за Македонија – се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.