Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со словенечкиот министер за внатрешни работи Боштајн Поклука. На средбата биле поздравени политиките на изнаоѓање решенија и реформи и изразено било очекување дека нашата држава ќе ги заокружи НАТО интеграциите и ќе се отворат пристапните преговори со Европската Унија.
– Преку Договорот од Преспа придонесовме за унапредување на билатералните односи со нашиот сосед Грција, но и за напредокот на целиот регион. Има позитивно влијание и на економски план, бидејќи порасна бројот на заинтересирани инвеститори за инвестирање во Северна Македонија. Веруваме дека ќе дадеме аргументи во периодот што претстои, за сите земји членки да го поддржат отпочнувањето на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, рекол Заев
Comments are closed for this post.