Во Австрија вчера биле најавени најмалку две инвестиции во земјава, информира денеска премиерот Зоран Заев, но посочи дека правилото на инвеститорите е додека тие самите не објават не може да се зборува за тоа бидејќи има процедури на донесувањето на одлуките.

Не случајно бевме во Австрија. Австрија е најголем инвеститор во нашата земја. Најавите се потврдија вчера. Верувам дека од самата конференција на Виенскиот економски форум ќе продуцираме дополнителна мотивација бидејќи и тоа како заскокоткавме можност некој тука да профитира, а ние да вработиме луѓе, да расте нашиот БДП и да го зголемуваме извозот на нашата земја,  појасни Заев одговорајќи на новинарско прашање по дебатата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на коцептот за едно општество и мултикултурализам