Откако најави дека освен премиерското, ќе го преземе и министерското место во Финансии, премиерот Зоран Заев, испрати порака кон сите што ја критикуваат политиката на власта со данокот на додадена вредност и особено мерката за поврат на ДДВ.

Секако јас и досега работев со министерот Тевдовски, ги знам сите проекции и постапки, летово нема да се случуваат некои драматични работи околу ребаланс или слично, веројатно есента. Она што е важно е на први јули да почне проектот на повраток на ддв и сите оние што кубат коси да престанат со тоа заради тоа што е изгорена нашата земја, никогаш не се враќале пари, е сега дали некој ќе добиел 12 илјади, 15 или 27 илјади и слично, дебата ја отвараат одреден дел мрчатори во општеството. Ние враќаме пари кај граѓаните и ова е толку, дај боже да ввраќаме повеќе, ако проектот успева граѓаните ќе вратат повеќе пари. Главна задача е порастот на платите, не само во делот на здравството и здравствените работници, од први септемвери и на голем дел од јавната админситрација, но сакаме да направиме крупни чекори кон пораст на севкупните нето плати кои се земаат во земјата“ – изјави Заев.