Откако минатата недела вредноста на криптовалутите стабилно растеше, вчера за само еден час вредноста на биткоинот падна за 300 долари, а по него следеше пад и на вредноста на останатите криптовалути како ethereum и ripple. До утрово, вредноста на биткоин падна за 1.000 долари за само 24 часа.

Причината за падот не е целосно разјаснета, иако некои аналитичари велат дека паничната продажба на криптовалути ќе придонесе до понатамошен пад во иднина.

Инаку, биткоин месечниот рекорд го достигна во вторникот, што предизвика оптимизам меѓу стручњаците дека неговата вредност би можела да продолжи да расте.