Во рамки на мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата денеска се склучија првите 24 договори, чија инвестиција изнесува 7,7 милиони евра. Во овие 24 договори вклучени се проекти за изградба на фотонапонска централа, набавување опрема за ветеринарна станица, опрема за производство на сокови, за пчеларство, изградба на објект за преработка на метал, за производство на мебел, изградба на рибник и изградба на објект за производство на саден материјал за повеќегодишни растенија.
Исто така, во рамки на овие договори се овозможува поддршка за изградба и опремување на објекти и сместувачки капацитети за рурален тузирам, изградба на објект за производство на медицински помагала, како и изградба на дом за стари лица.
Сите овие типови на инвестиции се наменети за руралните средини односно селата и тука спаѓаат инвестиции во мали преработувачки капацитети, во рурален туризам, производство на сточна храна и ѓубриво, отворање на градинки, старечки домови, кина во селата, капацитети за сместување и друго. Поточно со еден збор, оваа мерка е важна за поттикнување на агробизнисти во руралните средини кои ја поттикнуваат економската активност, а истовремено ќе ги подобрат условите за живот во руралните средини“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски
Мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ има широка примена и нуди поддршка за кофинансирање на најразлични инвестиции во земјоделството
Овие инвестиции кои ќе бидат реализирани во главните подрачја се добар показател дека Владата, Агенцијата, министерството максимално се грижиме за граѓаните да останат покрај своите огништа, тука да ги започнат своите бизниси. И исто така ова покажува дека ИПАРД Програмата е една успешна приказна. Докажавме дека средствата кога наменско се користат и доаѓаат до вистинските земјоделци секогаш даваат резултати“ истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.
Од првиот јавен повик МЗШВ одобри 930 проекти со финансиска поддршка од околу 18 милиони. Добар дел од овие средства кај реализираните проекти се веќе исплатени. Поточно, до денеска до Платежната агенција има доставено 589 барања за исплата на завршени инвестиции со кои се побарува за кофинансирање близу 5 милиони евра. Од овие 589 барања, за 129 инвестиции се веќе исплатени 1,5 милиони евра.
Инаку, за Мерката 3 „Инвестиици во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ од ИПАРД 2 програмата за кој рокот беше до 29-ти јануари, пристигнаа 65 апликации со вкупна побарувана сума од 15,9 милиони евра.
МЗШВ заедно со Платежната агенција продолжува интензивно да работи на олеснување на процедурите и приближување на оваа Програма до земјоделците и сите потенцијални корицници, со цел да се поттикне стабилен и континуиран развој во секторот.
Comments are closed for this post.