Хотелиерите во  зимскиот туристички центар Банско  во Бугарија,  пријавиле  пад на бројот на туристите во  текот  на зимските месеци, а тоа  довело  до помали профити за хотелиерите  и рестораните.

Поради помалиот број на  посетители, многу хотели ги намалуваат  цените за време на  летните месеци.

Туристичката индустрија објави дека падот на туристите е помеѓу 17-20%. Најмногу одлив има  од Турција, Велика Британија и Русија,  известува Бугарската национална телевизија.

Според хотелиерите, има неколку причини за падот на бројот на туристите, а меѓу нив е и  нелојалната конкуренција.