Хотелиерите во зимскиот туристички центар Банско во Бугарија, пријавиле пад на бројот на туристите во текот на зимските месеци, а тоа довело до помали профити за хотелиерите и рестораните.
Поради помалиот број на посетители, многу хотели ги намалуваат цените за време на летните месеци.
Туристичката индустрија објави дека падот на туристите е помеѓу 17-20%. Најмногу одлив има од Турција, Велика Британија и Русија, известува Бугарската национална телевизија.
Според хотелиерите, има неколку причини за падот на бројот на туристите, а меѓу нив е и нелојалната конкуренција.
Comments are closed for this post.