По лошото тргување на Бадник, акциите на Волстрит експлодираа на првиот ден тргување после Божиќ, забележувајќи најголем дневен скок од март 2009 година. Волстрит така ги надомести сите загуби регистрирани во претходното тргување.
Индексите „Дау Џонс“ и „С&П 500“ се зголемија за околу пет отсто откако акциите на компаниите од прехранбениот, енергетскиот и технолошкиот сектор се зголемија за повеќе од шест отсто.
Насдак, исто така, забележа најуспешен ден од март 2009 година, додавајќи 5,84 отсто пазарна капитализација. Средата после Божиќ ќе биде евидентирана и поради најголемиот скок на акциите после тој празник кога и да е.
Акциите на енергетските компании исто така се зголемија по растот на американската нафта, поголем од осум отсто. Иако еуфорија ги зафати инвеститорите, експертите предупредуваат дека патот до целосно опоравување е долг и оти се потребни три дена раст за да се затвори јазот кој настана со распродажбата.
Comments are closed for this post.