Компаниите од земјите на Западен Балкан минуваат 10 пати подолго време на граничните премини што значи шест пати поголеми трошоци за извоз. Тие се соочуваат и со отворени прашања во однос на примената на европските прописи и стандарди, а прилагодувањето на нивното работење кон овие нормативи е потенцијална можност за дополнителни проблеми.
За надминување на ваквите предизвици, во рамки на Самитот за Западен Балкан што ќе се одржи идниот месец во Познањ, Полска, предвидено е воспоставување бизнис платформа меѓу Коморскиот инвестициски форум и институциите на ЕУ (КИС-ЕУ).
Штерјова на прес-конференција напомена дека меѓу проблемите кои го усложнуваат функционирањето на фирмите од Западен Балкан е и помалата достапност на информации, како и ограничениот пристап до алтернативните начини на финансирање, посебно кога се работи за малите и средни претпријатија.
Според Кристоф Призлуцки од Агенцијата за трговија и инвестиции на Полска, КИС-ЕУ платформата ќе биде основана на бизнис форумот што исто така ќе се одржи во рамки на Самитот за Западен Балкан.
Според Камил Хишка, координаторот на Бизнис форумот, овој настан е прв чекор за соработка помеѓу Полска и Македонија.
Претставниците од Полската агенција за инвестиции и трговија велат дека на овој Бизнис форум очекуваат голем дел од Македонските компании да земат учество и да се претстават пред Бизнис заедницата во Полска.
Мотото на бизнис форумот во Познањ ќе биде „Растеме заедно“ и на него, освен компании од земјите на Западен Балкан ќе учествуваат и претставници на деловните заедници од Австрија, Бугарија, Хрватска, Германија,
Comments are closed for this post.