Во октомври годинава имало 250 пензионери со пензија над 51.000 денари. 55 пензионери го земале највисокиот износ од 53.691 денари, покажуваат последните податоцин на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.301 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 39.592 до 53.691 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 901 се со пензија од 41.244 денари.

Вкупниот број на пензионери пак се зголемил на 324.379 лица додека просечната пензија во октомври изнесувала 15.451 денари.

Најнизок износ на пензија земале 77.030 пензионери, од кои 59.127 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум. Останатите 17.903 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997- 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 10.240 денари до 11.427 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

Само во месец октомври имало нови 2.145 пензионери на списокот на ПИОМ. Од нив најголем дел биле мажи 1.449 а остатокот жени и најголем дел, 1.621 се стекнале со правото на старосна пензија. Од друга страна пак, имало 1.435 починати пензионери, од кои 1149 биле мажи.