Во декември,минатата година имало 269 пензионери со пензија над 51.000 денари. 74 пензионери го земале највисокиот износ од 53.691 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.318 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 39.592 до 53.691 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 899 се со пензија од 41.244 денари.

Вкупниот број на пензионери пак се зголемил на 326.295 лица додека просечната пензија во декември изнесувала 15.483 денари.

Најнизок износ на пензија земале 77.878 пензионери, од кои 60.245 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум. Останатите 17.633 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997 – 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 9.751 денари до 12.499 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

Само во месец декември имало нови 2.373 пензионери на списокот на ПИОМ. Од нив најголем дел биле мажи 1.622 а остатокот жени и најголем дел, 1.604 се стекнале со правото на старосна пензија. Од друга страна пак, имало 2.116 починати пензионери, од кои 1756 биле мажи.

Податоците покажуваат дека од 326.295 пензионери најмногу 325.125 се стекнале со право на пензија по работен основ. Други 1.080 стекнале право на пензија како поранешни воени лица, а само 90 биле земјоделци и по тој основ оствариле право на пензија.

 

извор: Пари.мк