Над 40 илјади странски туристи ја посетиле земјава во последниот месец од минатата година. Најпривлечни биле Скопје каде од вкупниот број 40.627 престојувале 19.290, и езерските места каде престојувале 11.969 странски туристи. Најбројни меѓу странските туристи биле од Бугарија 7483, Грција 5651, Србија 4368, Турција 3154 и Косово 2237.

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека бројот на вкупниот број на туристи во декември 2019 година изнесува 61 468, а бројот на ноќевањата изнесува 119 412.

Бројот на туристите во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 8,7 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 4,8 отсто.

Бројот на домашните туристи во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 1,7 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 12,6 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 0,4 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7,8 отсто.

Во периодот јануари – декември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,1 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,9 отсто, а кај странските има зголемување за 7,1 отсто.

Во периодот јануари – декември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2,7 отсто, и тоа: бројот на ноќевањата на домашните туристи остана на исто ниво, а кај странските има зголемување за 5,8 отсто