Зелената нафта е уште едно „ЌЕ“ ветување на криминогената власт на СДСМ. Ветуваа дека земјоделците ќе ја добијат веднаш, но еве сега се уште нема, реагираат од опозициската партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ власта воопшто не се грижи што земјоделците имаат зголемени трошоци заради порастот на дизелот, и се уште си поигрува со нивната мака манипулирајќи дека зелената нафта ќе ја добијат наскоро.
„СДСМ пред да дојде на власт ветуваа чуда во земјоделието, организиран и сигурен откуп, повисоки цени и нови пазари, но наместо тоа донесоа беда за земјоделците. Земјоделците заслужуваат сигурен пласман, повисоки откупни цени и нови пазари. Земјоделците заслужуваат подобро, затоа колку побрзо си замине оваа расипничка и криминална власт толку побрзо ќе може македонското земјоделство да се опорави“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.