„Зелена нафта“ и повеќе пари за малите земјоделски стопанства – нови развојни мерки обезбедуваат зголемено производство и повеќе пари кај земјоделците,велат од СДСМ во утринското соопштение.

Додаваат дека грижата на Владата предводена од СДСМ кон вистинските земјоделци продолжува, се воведувааат нови програми што овозможуваат поголема  финансиска поддршка на земјоделците, подобар пласман, развој и унапредување на земјоделството и повеќе пари кај земјоделците.

„За првпат се воведува субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација односно „зелена нафта“. Вкупната поддршка изнесува 200 милиони денари, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци. Со оваа мерка се намалуваат трошоците за   производство на земјоделците, што значи поекономично производство и поголеми приходи“, стои во партиското соопштение.

Меѓудругото велат од таму се зголемува и поддршката за мерката наменета за малите земјоделски стопанства под 1 хектар.