Граѓаните се повеќе осиромашуваат, а криминалниот картел околу Заев ги зголемува давачките, се богати и се расфрла со народни пари. Половина милион Македонци живеат под прагот на сиромаштија, а Заев и компанија ја покачија висината на акцизата и сега цените на горивата уриваат рекорди,обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ континуирано удира по џебот на граѓаните со покачување на нафтата. Оваа влада не исполни ништо од ветувањата дека ќе ги укине давачките туку напротив воведе акциза од дополнителни три денари на грбот на граѓаните и на бизнис секторот.
Со новото покачување на нафтата која достигна цена до 66 денари СДСМ ќе ги доведе граѓаните до питачки стап. Пред Заев да дојде на власт, цената на нафтата изнесуваше само 46 денари, а сега изнесува 66 денари што е 43% повеќе. Со просечна плата од 1 Јуни 2017 пред Зоран Заев да ја преземе власта граѓаните можеле да купат 474 литри нафта додека во моментов со просечна плата можат да купат 367 литри или за 107 литри помалку .
Ова јасно зборува дека Зоран Заев наместо живот, донесе беда и сиромаштија.
СДСМ и покрај сите критики и сугестии од јавноста и стручната фела сепак одлучи да ја зголеми акцизата на грбот како на граѓаните и на стопанството. Ефектот на спирала кој го има покачувањето на нафтата дополнително ќе ги осиромаши граѓаните .
СДСМ мора да си замине затоа што не исполни ништо од тоа што го ветуваше. Напротив дополнително ги зголеми давачките и даноците.
Comments are closed for this post.