Мандатот на СДСМ и Зоран Заев помина, а 98% од проектите кои ги ветија во предизборната програма се нереализирани. Ништо од тоа што го ветија не исполнија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Енергетскиот сектор во државата наместо да се унапреди, се уназадува. Зоран Заев вети дека ќе го пренамени ТЕЦ Неготино и од него ќе направи енергетско земјоделски комбинат. Тоа не се случи. Власта во заминување вети изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште. На крај на мандат се, а не преземале ни административни чекори за отпочнување на проектот. СДСМ ветуваше примена на најсовремени еколошки стандарди во ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј. Ништо конкретно не преземаа за ова три години, се наведува во соопштението на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека гасификацијата која ја најавуваа СДСМ во секој предизборен митинг, собир и спот не е мрдната од мртва точка.
-Македонија требаше да се поврзе со националните гасоводи на Грција и Бугарија како дел од Трансадриатик цевководот, но Зоран Заев и тоа го излажа и ништо не направи. Не е ниту на повидок фотоволтаичната електрана крај ТЕЦ Осломеј, која требаше да почне со работа 2020 година. Енергетиката е запоставена. Цел мандат СДСМ потроши без да направи еден проект. Но наместо инвестиции во енергетиката имаше испумпување пари од енергетските објекти на сметка на фирми блиски до владејачкото семејство. И додека прашање на ден е кога следен пат ќе изгасне некој од блоковите на ТЕЦ Битола и ќе треба да увезуваме струја, Заев си кажува вицови за тепсии. На 12-ти април доаѓа крајот на оваа неспособна власт. По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на партијата.
Comments are closed for this post.