Влада ќе вработи уште двајца државни службеници кои ќе земаат плата од 32.000 до 39.000 денари.

На оглас кој е објавен на станата на Агенцијата за администрација владата бара државен советник за општи и организациони работи и помошник раководител на сектор за стратегија, планирање и следење. Платата за советникот е  38.683 денари, додека за помошникот 32.866 денари.

Кандидатите за местото државен советник  треба да го познаваат добро македонскиот јазик или еден од трите странски јазици кои се користат во ЕУ и да има завршено политички, економски науки или кинезиологија.

Предност имаат кандидатите со работно искуство во јавен сектор кои треба да имаат искуство од најмалку 6 години и две години на раководно место. Оние кандидати кои имаат работно искуство во приватен сектор по струката треба да имаат стаж од 10 години од кои 3 години да биле на раководно место.

За ова место според планот за вработување се бара лице од македонска националност.

Кандидатите за помошник раководител на сектор за стратегија, планирање и следење, пак, треба да има завршено правни науки и работно искуство од најмалку 4 години во струката од кои најмалку 1 година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 години работно искуство во струката од кои најмалку 2 години на раководно работно место во приватен сектор.

За оваа работна позиција, според планот за вработување, се бара лице од албанска националност.