Продолжува катастрофална реализација на капиталните инвестиции.  Нивната реализација, за првите 8 месеци од годинава заклучно со месец август, изнесува само  28, 16 %.  Ова се официјалните податоци од Министерството за финансии за извршување на буџетот.

Заклучно со август годинава државата потрошила само 119 милиони евра

Токму слабата реализација на капиталните проекти, беше причина власта од буџетот да скрати 50 милиони евра. Па така од првично планираните 420 милиони евра за оваа ставка, со ребалансот на буџетот, предвидено е до крајот на годината да се потрошат 370 милиони евра.