Владата има намера да ја приватизира македонска пошта. На вчерашната владина седница биле задолжени вицепремиерот за економски прашања, министерот за економија и директорот на Македонски пошти заедно да изготват физибилити студија на кој начин да започне постапката за приватизација на компанијата.

Понудени се две опции: преземање со јавно приватно партнерство или целосна приватизација. Премиерот Заев рече дека , државите со кои се натпреварува Македонија имаат доминантно приватни пошта, а целта е граѓаните да имаат поквалитетни поштенски услуги.

Јавно-приватното партнерство ќе биде една од преокупациите на Владата во делот на креирањето на економските политики за да ги максимизираме сите ефекти  за економски раст“, рече Заев.

Паралелно Македонски пошти бара банка која ќе треба да соработува со нив, откако пропадна Евростандард. Засега осум банки се заинтересирани да го вршат платниот промет на државната пошта.