По стоти пат да повториме дека интервентниот фонд постои заради амандманот кој што го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ако власта сакаше да има интервентен фонд ќе го предложеа уште со предлагање на буџетот за 2022 година, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Повеќе од очигледно е дека СДСМ неможе да ја види суровата реалност на земјоделците во Македонија затоа што седат во удобните канцеларии наместо да прошетаат и да ја видат реалната слика во земјоделскиот сектор.
Заради неспособноста и погубните политики на СДСМ во изминативе 5 години во моментов градинарите во струмичко протестираат заради лошиот пласман на пролетната зелка, родот на јаболкарите од преспанско стои неоткупен и без пласман, оризарите во кочанско се уште мака мачат да го пласираат ланскиот ориз, неисплатени субвенции, односно нема гранка во Република Македонија која што не го допрела дното.
Власта знаела за кризата која што се случува во моментов уште во Ноември месец ама бркајќи ги процентите од тендерите ја остави државата и народот без потребните залихи на основните прехрамбени продукти. Денес во Македонија е вистинска уметност да најдете килограм зејтин низ маркетите, цената на брашното и лебот пораснаа за над 100%, инфлацијата е двоцифрена, со еден збор кажано Македонија од некогаш сериозен производител на храна денес е сѐ повеќе увозно зависна.
Изминативе години со СДСМ на власт имавме неколку кризи, а последнава со недостаток на храна заради неспособноста и некадарноста на власта молиме и питаме за грст пченица и шише зејтин.
Почитувани елитисти од власта наместо евтин ПР од партиските простории да сакавте да направите нешто за државата во најмала рака ќе ги прифатевте предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кои се издржани и реално ќе помогнат на Македонија. И за крај сакам да ви порачам дека се си има свој почеток и крај, а вашиот крај е за многу скоро од сега, а потоа следи моментот за понесување одговорност за сите злодела и криминали што ги направивте.