Постојат сериозни сомнежи дека кај добитокот во делови од Република Македонија се појавила заразната болест антракс, зоонозна болест која многу лесно може да се пренесе од животно на човек, рече денеска Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека власта мора да одговори дали е точно дека од угината овца е донесен примерок за испитување на ветеринарниот факултет каде е детектирана болеста антракс и веќе две недели се молчи за оваа ситуација.
Дополнително власта мора да одговори зошто околу 30-ина вработени на Факултетот за ветеринарна медицина ја посетиле инфективната клиника во Скопје и се моментално под терапија. Дали истите се заразиле од опасната болест и дали е спречено нејзиното ширење, доколку ја има?, прашува Трипуновски
Comments are closed for this post.