ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ го довел земјоделството во хаос и дека мерките на власта не даваат никакви резултати, а земјоделците се принудени да го фрлаат својот род.
Проиводителите на јаболко во Ресен и ресенско се понижени. Откупот на јаболкото се одвива по очајно ниски цени. Еден килограм индустриско јаболко се продава по цена од половина до еден денар. Цена од половина денар до денар не само што е потценување на земјоделецот, туку и е мизерно. Една јаболкница дава род од отприлика 100 килограми, по цена од половина денар за килограм предадена доаѓаме до сума од 50 денари од едно родно дрво. Почитувани господа од власта 50 денари не се доволни ни за еден литар нафта, а не пак за одржување на насадот, изјави Цветан Трипуноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително како што рече тој овоштарите се внесени во уште поголема загуба со самиот факт што во текот на оваа година имаале ангажирано околу 2.500 – 3.000 работници за одржување и обработка на насадите, на кои им давале дневници или плати, пари кои очекувале дека ќе ги вратат со продажбата на јаболкото.
Comments are closed for this post.