Трговците од Македонија избраа 100 бренда што секоја добро снабдена продавница треба да ги има на своите полици во 2020 година. Изборот во нашата држава се прави втора година по ред, во организација на InStore, специјализиран магазин за трговија со стоки за широка потрошувачка.

InStore ги објави брендовите во луксузното специјално издание 100 MUST HAVE 2019/2020 што бесплатно се дистрибуира до заинтересираните.

-Светските трендови укажуваат дека малопродажната револуција во следните пет години ќе влијае врз човештвото на начин кој досега не сме го виделе. Ако сте бренд, вашиот секојдневен предизвик е да ја задржите довербата што потрошувачот ја стекнал во вас. Ако сте потрошувач, сакате да купите поквалитетно, а за пониска цена. Притоа конкуренцијата е голема, трката исцрпувачка, а борбата за место на полица е немилосрдна. Се надеваме дека преку проектот „100 MUST HAVE“ ќе ви помогнеме и во следната година да направите паметен избор на паметни брендови – велат од InStore.

Истражувањето беше спроведено и теренски и по пат на телефонска анкета, во периодот август – октомври 2019 година, на примерок од 350 испитаници (трговци) и 1.200 бренда. Изборот на трговците, кој би требало да биде пресуден за компаниите, можете да го видите тука https://instore.mk/mk/record.php?mv=29&id=8373

Изборот на 100-ТОП брендови е регионален проект на InStore. Специјални едиции се издаваат и во Србија, Хрватска и во Босна и Херцеговина.