Владата ќе обајви трет јавен повик за нискобуџетни авиокомпании, но овојпат со олеснети критериуми, соопшти владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.
Тој информира дека авиопревозниците ќе треба да воспостават летови до две нови дестинации од Скопје и од Охрид до 26 март 2019, а не до 10 јануари, како што се бараше во претходните два огласа.
Првите два повика беа неуспешни поради неисполнување на условите од тендерската постапка. Очекуваме овој трет повикот да биде успешен во интерес на граѓаните и тие ќе можат целосно да ги користат бенефитите од нискобуџетните летови, истакна Бошњаковски.
Comments are closed for this post.