Повисоки плати за лекарите специјалисти за 10 отсто од јануари 2019 година и пет отсто за останатите медицински работници. Во септември 2019 година повторно ќе бидат покачени платите и за сите здравствени работници за пет отсто. Ова е предвидено во Предлог-буџетот за 2019 година, кој е на комисиска расправа во Собранието на РМ.
Имаме реален проблем во здравството со одлив на кадри. За таа цел и годинава и следната година предвидовме зголемување на платите на здравствените работници, со дополнително зголемување од 10 отсто за специјалистите. Кога вработените се подобро платени, тие се попродуктивни. За таа цел, од септември ги зголемуваме платите и во образованието и детската грижа. Растот на платите во јавниот сектор, воведувањето на повисоко ниво на минимална плата, како и владините мерки за поддршка на раст на платите, ја придвижи спиралата на плати и во приватниот сектор, рече Тевдовски.
Министерот на комисиската расправа рече дека растот на нето платите е зголемен за пет проценти, што е најголем раст години наназад.
Comments are closed for this post.